Грчките спасувачки екипи заедно со волонтерите и денеска трагаат по 31-годишниот Мартин, кој пред пет дена исчезна во водите на Егејското море, кај малото место Посиди на Халкидики. Иако заврши законскиот рок од 72 часа за потрагата, по апелите на семејството и во договор со македонското и грчкото МНР, сепак потрагата продолжува.
Грчките медиуми јавуваат дека се вклучени два воздушни дрона на спасувачката екипа ОФКАТ, куче спасител со дресер. Во исто време ќе продолжи и потрагата по крајбрежјето, во случај Мартин да успеал да исплива до копното.
Дронот ќе пребарува област кон Аја Параскеви бидејќи е недостапна и не може да се стигне со подводниот дрон.