Два дрона паднале на автопат јужно од Москва

Гивернерот на руската област Калуга, Владислав Шипша, која се наоѓа јужно од Москва, утринава соопшти дека два дрона паднале на автопатот М3 во близина на градовите Жиздра и Думиничи.

Гувернерот објави дека не е забележана детонација при падот на беспилотните летала, а областа на несреќата била опколена од истражители кои спроведуваат истрага.