
Малолетник и момче среде бел ден во средата биле физички нападнати во Скопје, од поврзрасни лица, информираше во четвртокот Министерството за внатрешни работи по поднесените пријави/
Првиот настан бил пријавен во полициската станица Гази Баба, кога 26-годишник со иницијали С.С.П. од скопското село Стајковци пријавил дека претходно истиот ден околу 15 часто на во продавница на улица „Париска комуна“ во Скопје, 65-годишниот П.Ј. од Скопје физички го нападнал 27-годишниот Б.И. од село Сингелиќ, скопско.
По преземени мерки П.Ј. бил приведен во полициската станица Гази Баба и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Полициската станица Центар, два часа подоцна, 47-годишниот Д.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11,15 часот на улица „Филип Втори Македонски“ неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.