Два „голфа“ опожарени во Скопје

Две возила од марката „голф“ на две различни локации во Скопје биле опожарени во текот на ноќта кон неделата, извести Министерството за внатрепни работи.

Во недлата рано утрото во 4,20 часот на улицата „Боро Менков“ во скопската населба Бител 2, од засега непознати причини настанал пожар во патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 26-годишниот Е.А. од Скопје. Во пожарот бил опожарен само предниот дел каде што е сместен моторот. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

Претходно, околу 30 минути по полноќ во селото Побожје, скопско, пак, било пронајдено опожарено патничко возило „голф 1“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.М. од блиското село Кучевиште, кое претходно било украдено.

Според МВР, од петокот година автомобилот бил баран по телеграма од Полициската станица Чаир.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за утврдување на причините за настанување на пожарот во двата случаја.