Два меча суспензија за тренерот Чави и Рафиња

Барселона не успеа со победа да ја започне одбраната на титулата во домашното првенство. Во саботата, на „Колосеум Алфонсо Перез“ во Мадрид, Барселона одигра натпревар без голови против Хетафе. Четврта година по ред, Барселона не успеа да постигне гол на овој стадион, три од тие четири натпревари завршија со резултат 0:0.

Хетафе и Барселона, одиграа натпревар тензичен натпреар, со малку квалитетен фудбал.

Натпреварот го обележаа и црвените картони кои ги добија Рафиња и тренерот Чави. Бразилецот поради удри противнички играч во финишот на првото полувреме, а тренерот на Барселона беше исклучен во 70.минута поради жестоки протести.

Според правилата на Ла Лига двајцата ќе бидат суспендирани на два натпревари.

Исто така, Ла Лига нема да покрене дополнителна постапка против тренерот Чави, кој по завршувањето на натпреварот го криткуваше судењето на Сезар Сото Градо.

Барселона во наредните две рунди ќе го пречека Кадиз и ќе му гостува на Виљареал.