Два напада од кучиња скитници во Скопје

Уште два нови случаи на каснување од кучиња скитници се пријавени во текот на вчерашниот ден.

Во 12.55 часот, во Полициската станица Центар, М.П. (40) од Скопје пријавила дека на 06.03.2019 околу 17.30 часот на улица „Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Во 12.00 часот пак, во Полициската станица Драчево, Д.Н. (72) од Скопје пријавил дека на 06.03.2019 година околу 23.00 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.