Два напада врз жени пријавени во полицијата

Во текот на саботата и неделата пријавени се два одделни напада врз жени, едниот во Куманово а вториот во Скопје, соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи.

Во саботата околу 10 часот во Полициска станица Куманово 58-годишна жена пријавила дека во 7,30 часот додека била во куќата во населба Добршане, кумановско дошол нејзиниот сосед Ѓ.Н. кој агресивно се однесувал.

Според пријавата, тој упатувал закани и замавнувал со остар предмет кон неа.

Во неделата утрото, пак, околу 4,30 чaсот во Полициска станица Гази Баба 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека во еден час порано на подрачје на Гази Баба додека била во патничко моторно возило „крајслер“ заедно со нејзиното поранешно момче А.Т., кој физички ја нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.