Два нови случаи на коронавирус во Грција

Потврдени се уште два случаја на заболени од новиот коронавирус во Грција, еден кај детето на 38-годишната жена од Солун, другиот кај лице во Атина, со што бројката на случаи во Грција се искачи на три, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, со одлука на министерот за здравство, се откажува традиционалниот карневал во грчкиот град Патра што требаше да се одржи викендов.