Два нови случаи на туларемија се потврдени во Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
Со двајцата новозаболени од туларемија вкупниот број заболени во државата од јануари досега изнесува 25.
– Има сериозен тренд на намалување бидејќи од 18 сомнителни лица само два се потврдија, а кај останатите 16 резултатот беше негативен. Што значи дека треднот е сериозно намалувачки, рече министерот Никола Тодоро.