Два последователни земјотреси го погодија регионов денес. Првиот регистриран земјотрес беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата и ја потресе Грција, објавија на ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на околу 82 километри од Атина, на длабочина од 35 километри.
Потоа следеше уште еден од 3,3 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди Црна Гора, објавија исто така на ЕМСЦ. Потресот е регистриран на длабочина од осум километри, на 76 километри од Подгорица.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.