Два силни потреса се регистрирани попладнево во Албанја, поточно во северниот и североисточниот дел, јави МИА. Првиот е регистриран во подрачјето на Кукс во 13:38 часот со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 18 километри од Курбнеш, на 26 километри од Кукс и 72 километри од Тирана.
Вториот земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтер, е регистриран во 13:32 во близина на Пешкопеја, пограничен град со Дебар.
Жителите на општина Дебар ги почувствуваа двата потреса, но поголема вознемиреност предизвика вториот потрес.
Разорен земјотрес со јачина од 6,4 ја погоди Албанија утрото на 26 ноември минатата година. Посебно погодени беа Драч, Туман и Тирана. Животот го загубија 51 лице а материјалната штета се проценува на околу милијарда евра. Од 26 ноември до сега регистрирани се над илјада потреси со различна јачина.