Два вооружени инциденти во Скопје

Скопската полиција во саботниот билтен регистрирала два вооружени инцидента, во кои едно лице е повредено, а во другиот случај ограбено е казино во самиот центар на градот.

Во текот на вчерашниот ден околу 22,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „11-ти Октомври“, во центарот на Скопје, во казино, непознато маскирано лице со закана со пиштол од двајца вработени одзело сума пари од околу 65.000 денари, по што го напуштило местото на настанот.

Претходно претпледнето во саботата, околу 9 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 49-годишниот В.Ш. од тетовскот село Мала Речица, кој на улицата „Дижонска“ во скопски Чаир, од страна на две непознати лица бил удрен со пиштол во пределот на главата. Од страна на лекар констатирана му била тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.