Два воза се судрија во Италија, најмалку 17 повредени

Два воза се судрија во неделата доцна вечерта во близина на италијанскиот град Фаенца, при што се повредени најмалку 17 лица, од кои повеќето полесно, објави новинската агенција Ansa, повикувајќи се на спасувачите на местото на настанот.

Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на дел од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија Ромања.

Пожарникарите сѐ уште се на местото на несреќата и се ангажирани со обезбедување на патеката.

Причината за несреќата на почетокот не беше јасна. Според првичната реконструкција, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција NSA. Тие не се судриле директно, туку еден воз удрил во друг одзади.