Два земјотресa во Албанија

Два послаби земјотресa со јачина од 3,2 и 3,5 степени се регистрирани рано утринава во околината на албанскиот крајбрежен град Драч.

Првиот земјотресот бил регистриран околу 4 часот наутро, додека другиот бил регистриран половина час подоцна. Епицентарот на двата земјотреси бил во морето.

Според пишувањата на локалните медиуми, иако земјотресите не биле силни, ги вознемириле жителите.