Дваесет и една година од атентатот на Киро Глигоров

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. Во атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски.

Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.