Дваесет и девет рудари се блокирани под земја откако денеска избувнала експлозија во руникот за јаглен во Кина.
Триесет други рудари успеале да се извлечат, при што еден се повредил, а триесетина спасувачи се обидуваат да стигнат до заробените рудари.
Кинеските медиуми објавија дека Владата во јуни двапати побарала затворање на овој рудник, но тој продолжил со работа.