Дваесет и двајца пливачи на Охридскиот пливачки маратон

Дваесет и двајца пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција, најавија учеството на 31. Пливачки маратон што в сабота на 19 август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.

Охридскиот пливачки маратон се плива на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид, долга 30 километри.

Охридскиот маратон е претпоследниот од предвидените четири трки на отворени води што се одржуваат во рамки на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Главен организатор на маратонот оваа година е Општина Охрид, во соработка со Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.