Дваесет лица се убиени во судирите на индиските сили и бунтовниците во областа Кашмир, објави во неделата полицијата која стравува од нови насилства.
Тројца индиски војници, тринаесет бунтовници и четворица цивили се убиени во неколку судири во јужниот дел на ШРионагар, главен град на индиската сојузна држава Кашмир.
Во градот во кој се одвивале манифестациите, училиштата нема да бидат отворени во понеделникот, бидејќи бунтовничките групи повикаа на нови протести. Четири цивили се убиени во текот на овие манифестации, кога полицијата врз која фрлале камења возвратила со оган.
Муслиманските сепаратисти водат насилна кампања против властите на Индија од крајот на 1980-те години во индискиот дел на Кашмир, каде мнозинството население се муслимани. Индија го обвинува соседен Пакистан дека ги вооружува бунтовниците од групата Лашкар-е-Таиба (LeT) и другите во Кашмир, што Исламабад го негира.
Пакистан го осуди „глупото убиствено лудило“. „Тие постапки на окупациските сили само ја зајакнуваат решителноста на жителите на Кашмир“, наведе во соопштение пакистанското министерство за надворешни работи.
Во текот на минатата 2017 година најмалку 206 бунтовнички активисти, 78 припадници на индиските безбедносни сили и 57 цивили се убиени во Кашмир, во текот на најсмртоносната година во последните десет години во овој регион.
Хималајската висорамнина Кашмир дефакто е поделена меѓу Индија и Пакистан во 1947 година, по завршувањето на британскиот колонијализам во овој дел од свветот. Двете земји се борат за контрола над регионот, а судирот започна со сепаратистичкиот бунт во индискиот дел.
Во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир активни се сепаратистички бунтовници, кои се залагаат за независност на областа Кашмир или за нејзино присоединување на Пакистан. Притоа во Кашмир меѓу Индија и Пакистан војските на двете земји патролираат по линијата на раздвојувањето
Индија и соседен Пакистан досега трипати војуваа меѓу себе од стекнувањето на независноста во 1947 година, од кои две околу Кашмир над кој двете земји сакаат целосна контрола, и редовно изведуваат нуклеарни тестирања откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен персонал.
Двете земји во 2011 година започнаа мировен процес, но тензиите меѓу нив се зголемија последните две години. По ненадејната посета на Моди на Пакистан на почетокот од 2016 година, двете земји одлучија да започнат дијалог за решавање на спорните прашања.