Младиот португалски напаѓач на Боависта, Еду Фереира, почина на 20-годишна возраст, известија светските агенции.
На младиот Еду му бил дијагностициран рак во ноември минатата година и ја загубил својата битка со болеста во неделата во болница во Порто.
Клубот издаде официјално соопштение во кое се вели: „Еду си замина, но никогаш нема да не напушти“.
„Животниот натпревар е многу тежок, особено кога тагата ќе чукне на нашата врата, бидејќи загубивме едно од нашите деца. Ќе го посветиме овој ден да се потсетуваме на добрите времиња кои ги делевме. За нашата болка да се намалува од ден на ден, од денеска, неговото отсуство ќе го направиме во добри спомени и ќе се обидеме дополнително да ги засилиме врските во нашето семејство. Празнината која останува во нашите срца никогаш нема да биде исполнета. Денеска, има уште една ѕвезда на небото. Почивај во мир, Еду!“, напишаа од португалскиот клуб.
Инаку, претходно клубот Боависта, иако се знаеше дека Еду Фереира е на прагот да си замине од овој свет, направи хуман гест и го продолжи договорот со младиот играч.