Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајна несреќа откако со автомобил излетала од патот.
Според информациите на МВР, несреќата се случила утринава околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“.
С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско, со „фолксваген поло“ изгубила контрола и излетала од патот.
Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.