Дваесетгодишно момче во Скопје излекувано од ковид-19 кој предизвикал воспаление на мозокот

По две седмици лекување во болницата „8-ми Септември“ излекувано е 20-годишно момче со редок случај на ковид-19 кој предизвикал воспаление на мозокот. Ова е шести ваков случај познат во светски рамки, потврдија во петокот од болницата.

Претходно на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче објави дека цо ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот.

Пред двете седмици момчето со возило на службата за брза помош било донесено од Клиниката за неврологија, во ГОБ „8-ми Септември“ со симптоми на мозочен удар.

„Според досегашните сознанија ова е шести случај во светот, откако е започната пандемијата“, рече за Телма, д-р Илија Здравков, спецјалист по неврологија во ГОБ „8-ми Септември“.