Дваесетгодишно момче убиено во скопско Шишево

Еден дваесетгодишник го загуби животот, а уште две лица се ранети во престрелка која се одиграла ноќта кон саботата на влезот од скопското село Шишево, информираат од министерството за внатрешни работи, според кое најверојатна причина за трагедијата е меѓусебна нетрпеливост.

 

„На 02.03.2019 година околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина“  од страна на  С.Т. (24) од Шишево биле донесени  со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од Шишево“, се наведува во соопштението на МВР.

Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „мерцедес“, управувано од  Е.Ш. од селото Шишево, со кого претходно имале расправии.

На влезот во Шишево, возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.