Огромен млаз од вода, предизвикан од обилните врнежи од дожд, предизвикаа свлечиште и уништи неколку домови во Јапонија.
Локалните медиуми јавија дека по инцидентот во градот Атами, во префектурата Шизуока, југо-западно од Токио, не се знае судбината на околу 20 лица.
Спасувачките екипи трагаат по исчезнатите.
Во видео објавено на социјалните мрежи се гледа моментот кога огромното количество вода и кал минуваат низ Атами, уништувајќи неколку куќи, додека преплашените жители бегаат за да спасат животи.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга се состана со министерот за вонредни ситуации поради ситуацијата во Атами, а локалните власти побараа помош и од јапонската армија.
Поради покачувањето на нивото на локалните реки, властите во префектурата Канагава, јужно од Токио, им наредија на граѓаните веднаш да ја осигурат нивната безбедност, и издадоа највисоко ниво на предупредување и повик за евакуација.
Според официјалните податоци, во последните 10 години во Јапонија има просечно годишно 1.500 свлечишта, речиси двојно повеќе отколку во претходната деценија, а експертите оваа појава ја припишуваат на зголемените врнежи од дожд поради климатските промени.
Јапонската метеоролошка служба ја предупреди јавноста за нови свлечишта, поплави и надојдени реки.