Дваесетина изгорени тела најдени на мексиканско-американската граница

Мексиканските погранични патроли примашле тела на 21 човек во сојуната држава Тамаулипас на границата со САД, објави во четвртокот порталот Excelsior.

Изгорените тела, како што се претпоставува, се жртви на пресметка меѓу наркокартелите, биле најдени во близина на седум, исто така, изгорени автомобили кај пограничниот град Мигел Алеман.

Овој град е на околу 80 километри западно од Мекален, во американската сојуана држава Тексас, и кој подоцна во четвртокот ќе го посети американскиот претседател Доналд Трамп во неговата кампања за градење на безбедносен ѕид по должината на мексиканската граница.

Државата Тамаулипас, на источниот мексикански брег, е една од клучните области во трговијата со дрогите, а исто така во минатото беше повеќепати сцена на масовни убиства на пресметка на наркокартелите.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека ова злосторство најверојатно е конфликт меѓу трите картела коишто се борат за превласт над каналите за криумчарење дроги на богатиот американски пазар.

Оваа област е долго време контролирана од наркокартелот Зетас, кој влезе во војна за контрола на криминалот во долината на Рио Гранде со ривалскиот Заливски картел. Картелот Зетас се подели, а многуте смртоносни напади во Мигел Алемна беа резултат од пресметката од неговата фракција Североисточниот картел и Заливскиот картел.