Дваесетина сообраќајни несреќи во Канада предизвика раниот снег

Повеќе од дваесет сообраќајни несреќи се регистрирани во кандаскиот град Калгари, во покраината Алберта, по почетокот на првите снежни врнежи сезонава и невообичаено рани за овој регион.

Според податоците на полицијата, на кои се повикува телевизијата CTV, во насреќите настрадале две лица. Во текот на денот на улиците на Калгари и околните магистрали е излезена механизацијата за чистење на снегот. Од возачите се бара без особена потреба да не ги користат своите автомобили.

Според временските прогнози, на југот од Алберта, каде што се наоѓа Калгари, од саботата до понедлник наутро се очекува да наврнат до 30 сантиметри снег.

Метеоролозите забележуваат дека ваквото рано пристигнување на зимата е некарактеристично за Алберта, иако слични појави се веќе забележани откако се бележат временските прилики. На пример, во 2014 година на 8-ми септември во Калгари наврнале 10 сантиметри, иако вообичаено снежните врнежи во покраината започнуваат на крајот од октомври.

Досега најсилните снежни врнежи во септември во Алберта се забелеќани во 1921 година, која снегот паднал исто така на 8-ми сепрември, и кога во Калгари наврнале 12 сантиметри снег.