Кошаркарите на Оклахома Сити се третата екипа во НБА лигата која сезонава стигна до 20.та победа. Досега тоа го направија екипите на Индијана и Портланд.
Оклахома Сити ноќеска славеше над Денвер со 105:93, а предводници до триумфот беа Кевин Дјурант и Расел Вестбрук, кои заедно постигнаа 51 поен.
Резултати: Шарлот- Сакраменто 95:87, Кливленд- Портланд 116:119, Мемфис- ЛА Лејкерс 92:96, Денвер – Оклахома Сити 93:105 и Голден Стејт – Њу Орлеанс 104:93.
Вечерва играт : Мајами – Индијана, Орландо – Јута, Торонто – Шарлот, Атланта – Сакраменто, Бостон – Детроит, Бруклин – Вашингтон, Милвоки – Њујорк, Минесота – Портланд, Далас – Мемфис, Феникс – Сан Антонио, Хјустон – Чикаго и Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс.
Пласман Источна конференција: Индијана 20-4 (победи-порази), Мајами 18-6, Атланта 13-12, Бостон 12-14, Детроит 12-14, Шарлот 11-14, Вашингтон 10-13,…
Пласман Западна конференција: Портланд 22-4, Оклахома Сити 20-4, Сан Антонио 19-5, ЛА Клиперс 17-9, Хјустон 16-9, Феникс 14-9, Денвер 14-10, Далас 14-10,…