Двајца дрвосечачи загина во сообраќајка

Двајца скопјани загина во судир на автомобил и работна машина за сечење на дрва, вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19.40 часот на патот од Визбегово кон населбата Шуто Оризари. Тогаш С.Ш. (48) управувајќи работна машина за сечење дрва, удрил во автомобил „опел вектра“ што ја управувал М.Д. (57) од Скопје.

Од ударот работната машина се превртела. Во несреќата тешко биле повредени С.Ш. и неговиот сопатник Е.Ѓ. (58), кои со возило на итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Веднаш по пристигнувањето на клиниките Е.Ѓ. починал, додека пак С.Ш. им подлегнал на повредите неколку часа подоцна. Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото на настанот.