Двајца Јапонци, на тамошните власти познати како симпатизери на крајната десница, се уапсени во петокот откако отвориле оган на зградата којашто дефакто служи како амбасада на Северна Кореја во Токио, соопшти полицијата.
Нема настрадани во нападот кој бил изведен во првите утрински часови и во кој само е оштетена влезната порта во објектот.
Во зградата е сместено здружението Чонгрјон, формирано 1955 година, коешто ги собира членовите на корејската задница во Јапонија коишто му се наклонети на режимот во Пјонгјанг.
Инцидентот, редок во земјата чијашто стапка на криминал е извонредно ниска, се случи во периодот на одржување на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, кои се одвиваат и со учество на делегации на високи севернокорејски функционери.
Педесет и шестгодишниот Саточи Кацурада и десет години помладиот Јошинори Кавамура буле приведен на самото место на нападот, изјави портпаролот на токиската полиција. Според локалните медиуми, двајцата мажи се поврзани со движењата од крајната десница.