Најмалку две лица загинаа и 63 се повредени во голема сообраќајна несреќа во Јапонија, пренесува БТА, повикувајќи се на јапонската национална телевизија „Ен Ејч Кеј“.
Несреќата се случила во близина на тунел на автопатот кај јужната префектура Хирошима.
Дванаесет автомобили се судриле на стотина метри од влезот во објектот со должина од над 800 метри.
Пет автомобиле се запалиле и настанал силен пожар. Од тунелот излегувал густ и црн чад. Околу 70 лице биле евакуирани од тунелот, а 58 од повредените се затруле од чадот.
Движењето е прекинато во двете насоки.