Двајца НАТО војници убиени во Авганистан

Двајца НАТО војници се убиени во Јужен Авганистан од мажи во униформа на авганистанската армија.

Нападот бил извршен утринава во провинцијата Хелманд.

Не се наведува од каква националност се убиени НАТО војници.
Не се наведува од каква националност се убиени НАТО војници.

Двајца напаѓачи отвориле оган врз возило на војниците во внатрешноста на воена база. Напаѓачите се убиени. Не се наведува од каква националност се убиени НАТО војници.

Армијата на Авганистан месечно губи по 4.000 војници

Армијата на Авганистан секој месец губи по околу 4.000 војници, соопштил американскиот генерал Џон Кемпел, кој е главен командант на Меѓународната мисија на НАТО за поддршка на безбедноста во Авганистан, објавува „Euronews“, пренесува Нетпрес.

Вооружените сили на Авганистан, месечно, губат по околу 4.000 војници. Многумина би си помислиле дека голем дел од таа загува е поврзана со жртвите во битките и оружените престрелки. Но, тоа не е точно. Најголемата причина е дезертирање – војниците едноставно самоволно си заминуваат, изјавил американскиот генерал.

Меѓу нив има и добар дел кои се обучувани од американски воени инструктори, тврди Кемпел. Една од причините за дезертирање се постојаните вооружени борби.

Главна причина е тоа што младите војници и полицајци континуирано војуваат две или повеќе години. Се случува во одредени периоди тие и да не добиваат дури и храна, која им следува. Кога војувате постојано, кога имате силна потреба од одмор, немате друг излез освен да си заминете и никогаш повеќе да не се вратите, објаснил главниот команднат на Меѓународната мисија на НАТО за подршка на безбедноста во Авганистан.

 

Прочитајте повеќе: 

Авганистанските Талибанци избраа нов водач