Двајца пешаци завршиле во болница откако биле прегазени вчера во Скопје, информираше МВР.
Според МВР, првата сообраќајна несреќа се случила околу 9.30 часот на булеварот Александар Македонски кога автомобил „сеат алтеа“ што го управувал М.А. (32) удрил во Н.Т. (39), двајцата од Скопје.
Повредениот пешак бил пренесен во Ургентен центар каде лекарите му констатирале тешки повреди.
Втората сообраќајка се случила во 14.30 часот на улицата Васил Ѓоргов, кога Р.В.(69) од Скопје управувајќи автомобил „сеат ибица“ удрил во М.Е.(61) , која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата работи на расчистување на незгодите.