Две лица се ранети со истрели од огнено оружје пред џамија во градот Брест, на западот од Франција, соопшти во четвртокот попладнето полицијата.
Обвинителот на Брест, Жан-Филип Рекапе, изјави дека напаѓачот отворил оган додека луѓето излегувале од џамијата во населната Понтенезен. Засега не е јасно дали нападот е религиски мотивиран, или станува збор за меѓусебен судир или е поттикнат од други причини, рекол Рекапе за агенцијата Reuters.
Јавниот телевизиски канал France 3 извести дека осомничениот напаѓач е во бегство. Нападот се случил околу 17,30 часот по македонско време, а според телевизијата BFMTV, еден од ранетите е имамот на џамијата.
Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, нареди распоредување на зголемен број полициски службеници и засилување на безбедносните мерки во близина на светилиштата по пукањето во Брест.
„Нашите служби се мобилизирани со цел да го најдеме лицето кое пукало пред џамијата во Понтанезен, во кое две лица се ранети. Ги замолив перфектите да го зајакнат надзорот на местата на кои се вршат богослужби во земјата“, истакана Twitter министерот Кастанер.