Двајца скопјани биле искасани од кучиња скитници, информираше МВР.
Првиот инцидент се случил завчера околу 22 часот на улицата Трифун Хаџијанев во населбата Гази Баба.
Тогаш Ј.С.(25) била нападната од неколку кучиња-скитници, а едното од нив ја каснало за десната нога. Девојката побарала лекарска помош во комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Според полицијата, скопјанецот М.С.(59) бил каснат од кучиња, вчера во близина на кејот на Вардар кај стадионот. Тој пријавил дека околу 7.15 часот на улицата Лазар Личеновски бил нападнат од четири кучиња-скитници и бил каснат за левата потколеница. И нему му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести при комплексот клиники “Мајка Тереза“.