Двајца скопјани приведени да ја одлежат затворската казна

Двајца скопјани се приведени за да ја издржат затворската казна, едниот 35 дена, а другиот две ипол години.

Според Министерството за внатрешни работи вчера се приведени 29-годишниот Цветко Н. И 42-годишниот Васил Е., двајцата од Скопје.

Цветко Н. се барал за издржување затворска казна во траење од триесет и три дена, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот”.

Васил Е. пак се барал за издржување затворска казна во траење од две години и шест месеци, за сторени кривични дела “кражба” и “тешка кражба”.