
Во нападот врз Еврејскиот музеј во Брисел вчера загинале двајца туристи од Тел Авив и соработник на музејот, а доброволка на културната институција била тешко ранета, тоа се последните информации за случајот, објавени од белгиското МВР.
Се наведува дека приведениот синоќа е еден од двајцата мажи кои учествувале во нападот, но статусот му е променет од осомничен во сведок. Засега не е познато дали е утврден идентитетот на напаѓачот, кој успеал да побегне.
Белгиските медиуми даваат различни верзии за околностите за инцидентот, но сите се едногласни дека нападот е извршен со автомобил. Откако автомобилот запрел пред музејот, напаѓачот влегол внатре и отворил оган.