Двајца млади турски државјани биле претепани во Скопје од поголема непозната група во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“, при што со повреди завршиле на скопските клиники.
Вчера околу во 19 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, пријавено е дека во Ургентен центар Скопје донесени биле двајца странски државјани.
Нападните се турските државјани 24- годишниот Е.И и 26- годишниот С.Ј со привремен престој во Скопје, па се преземаат мерки за расчистување на случајот.