Во страшниот инцидент учествувало такси возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, кое излегло надвор од коловоз, удрило во жардиниера, па во дрво. На самото место починале возачот В.А (35) и сопатничката К.С (37).
СВР Скопје направи увид и известен е јавен обвинител. Телата се пренесени во судска медицина на обдукција.
Причините за несреќата се непознати, дополнително ќе се утврди дали втората жртва во сообраќајката била патник, или сопатник на возачот.