Двајца загинати, многу повредени и десетици затрупани во експлозија во рудник во Иран

Најмалку двајца рудари загинале, а многу други се повредени во експлозијата на гас во рудник за јаглен во североисточната покраина Голестан, пренесуваат иранските медиуми во средата истакнувајќи дека десетици луѓе останале затрупани.

Садек-Али Мокадам, шеф на одделот за итни ситуации во покраината Голестан, изјави дека се верува оти околу 50 луѓе се заробени во рудниот по експлозијата во средата..

rudnik 02
Четириесет рудари останале заробени во еден дел од рудникот, а уште триесет во друг дел, подоцна навел Пиросеин Куливанд, началник на службата за вонредни состојби на Иран, пренесе новинската агенција Fars.

Куливанд додал дела дванаесет рудари излегле неповредени по експлозијата којашто се случила кога рудар се обидел да го запали моторот на товарен вагон и дека досега од 36 повредени 19 рудари се примени во болницата во блискиот град Азад Шахр.

rudnik 03Службената иранска агенција Irna, повикувајќи се добро информирани извори, објави дека бројката на загинати може да е поголема, имајќи предвид дека експлозијата се случила во време на смена на рударите кога во рудникот е и поголем бројот на луѓето.

Сепак, до средата попладнето уште не се потврдени официјално информациите за поголем број жртви. На местото на несреќата се присутни спасувачки екипи и возила на итната помош, кои учествуваат во извлекувањето и помошта на рударите.

 

rudnik 04