![турција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/turcija-2.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Две лица загинаа, а дванаесетмина други се ранети синоќа при експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Јомерли во турскиот југоисточен округот Мардин.
Како што јави турската државна телевизија НТВ, тројца од повредените при напоадот, за кој е осомничена Курдската работничка партија (ПКК), се војници.
Од експлозијата се создала огромна дупка на патот и нанесена е огромна штета и врз зградата на полицијата и околните објекти.
Полицијата започна потрага за напаѓачите.