Двајца затвореници повикани на ручек со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во текот на неговата посета на Болоња ја искористиле можноста за бегство, известија во средата италијанските медиуми.
Двајцата Наполитанци биле дел од групата од дваесетина затвореници кои биле повикани на ручек во присуство на папата Франциск во неделата на 1-ви октомври. Групата затвореници била сместена во институција слична на затвор во близина во Модена.
Медиумски извештаи се разликуваат во верзиите, па е непознато дали двајцата бегалци воопшто присуствувале на ручекот или побегнале по средбата со папата, во чијашто програма бил ручекот со илјадници луѓе: бездомници, сиромашни, емигранти и затвореници во локланите поправни установи. Познато е дека дури по завршувањето на настанот, еден од раковорителите на установите пријавил исчезнување на двете лица.
Според една од верзиите, двајцата мажи исчезнале откако го одвлекле вниманието на волонтерите кои се ангажирале на ручекот, кои ги спроведувале гостите до нивните места.
Идентитетот на бегалците и злосторствата поради кои биле осудени, засега не се познати за јавноста, но се знае дека биле сметани за социјално опасни рецидивисти.
Познато е дека папата Франциск е многу чувствителен на положбата на заворениците и редовно со нив се среќава во текот на своите патувања по италија и во светот.