Дванаесет килограми марихуана и 11 шишиња со хашишово масло пронашла полицијата во домот на дваесет и четиригодишен жител на скопската населба Ченто.
Според информациите од полицијата, Д.Ј. лани купил одредена дрога на марихуана која потоа ја продавал на наркозависници во Скопје од својот дом или пак ја носел со автомобил на претходно договорени локации.
„По добиеното сознание дека пријавениот и покрај тоа што во 2009 година е кривично пријавен за недозволена трговија со хероин, се уште се занимава со недозволена трговија, превзеде интензивни оперативно тактички мерки и активности за обезбедување на материјални докази, при што вчера (со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес во домот на Д.J. каде што се пронајдени и одземени околу 11 килограми марихуана и 12 шишиња од по 1,2 литри хашишово масло, две ваги и еден сад за дестилација“, се вели во информацијата од полицијата.
Дрогата и останатите предмети пронајдени кај Д.Ј. се дадени за вештачење, а против него е поднесена кривична пријава.