Во несреќата на автобусот кој ги превезувал навивачите на еквадорскиот клуб Барселона Спортинг, најпопуларниот фудбалски клуб во земјата, загинале 12 лица а уште 30 се повредени, објавија локалните власти.
„Конечниот извештај за несреќата којашто се случи во неделата со нашите навивачи зборува за 12 загинати и 30 повредени. Преземаме мерки за брзо да ги довеме телата“, објави Хозе Франсиско Себаљос претседател на клубот Барселона и гувернер на покраината Гуајас изрзувајќи сочувство до семејствата и блиските.
Навивачите патувале од андскиот град Куенка во Гуајаквила, крајбрежен град од каде е клубот, откако следеле натпревар во рамките на националното првенство.
Несреќата се случила околу 23,30 часот на патот меѓу Куенка и Мољетуро. Според наводите на еквдорската комисија за сообраќај, возилото било исправно на последниот технички преглед.
Сообраќајните несреќи во Еквадор се чести и се една од главните причини за смртноста во оваа земја во којашто просечно на патиштата гинат седум луѓе, а 80 се повредени.