Дванаесетгодишник управувајќи мотоцикл учествувал во судир со друг моторџија

Дванаесетгодишно момче управувало мотоцикл кој учествувал во судар со друг мотоцикл во саботата попладнето на регионалниот пат Радовиш – Конче, по што двајца малолетници се пренесени во Клиничкиот центар

На 01.08.2020 во 18.10 часот на регионален пат Радовиш-Конче на место викано Семеница се случила сообраќајна незгода меѓу моторцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 12 годишен малолетник од Конче и моторцикл „ктм-520“ без регистарски ознаки управуван од 19-годишниот Б.И. од истото радовишко село, информираат од МВР.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите и сопатникот на првиот моторцикл 15-годишен малолетник од Конче биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на возачите им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.