
Дванаесетгодишно момче во Скопје во четвртокот утрото при семејна расправија со нож ги прободел своите татко и брат.
Од МВР соопштија дека утринава околу два часот во Скопје малолетник на возраст од 12 години при семејна расправија, на неговиот татко 37-годишниот Д.С. со нож му нанел расекотина во пределот на левата надлактица, а неговиот брат на возраст од 15 години го повредил во пределот на левиот колк.
Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар-Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.
СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.