Двата меча за пласман на СП на ракометната репрезентација против Чешка на МТВ

Последната битка на македонската ракометна репрезентација за пласман на СП против селекцијата на Чешка ќе се емитуваат на Националниот сервис. Македонската телевизија со видео-спот ги потврди и двата директни преноси од дуелите во Злин и во Скопје.

Тоа е добра вест за гледачите кои ќе сакаат во живо да ги проследат решавачките дуели на момците на Лазаров.