
Две цркви во тетовско вчера се нашле на мета на крадците, информира денеска полицијата.
Црквата во тетовско Стенче вчера е ограбена, а крадецот кој сакала да се обогати крадејќи од црквата во Вратница заминал разочаран откако не нашол ништо.
Полицијата информира дека непознато лице ноќта меѓу четвртокот и петокот влегло преку прозорецот од црквата „Св. Илија“ во Стенче потоа ја исекол металната каса и одзел ооколу 43.000 денари.
Крадецот кој провалил во црквата „Св. Контантин и Елена“ немал таква среќа да налета на богат плен. Се изнамачил насилно да провали за внатре да не пронајде ништо, по што си заминал без да предзвика штета.