Четворица заразени со смртоносната бактерија МРСА

Четворица новозаразени со смртоносната бактерија МРСА се откриени во скопско училиште и градинка.

Заразени се две деца и двајца воспитувачи, објави плусинфо.мк . Смртоносната бактерија МРСА е откриена во една градинка и основно училиште во Скопје при вонредна контрола.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) потврдија за НетПрес дека од бактеријата МРСА има заразени за кои веќе инспекцијата излегла на терен во една од детските градинки на територијата на општина Чаир. Додоа, исто така, дека се пријавени сомниетелни случаи на зараза со бактеријата МРСА на територијата на уште една општина којашто гравитира кон Скопје.

Минатата седмица на прашање на НетПрес за евентуална појава на бактеријата МРСА на територјата на соседна општина на онаа за којашто денеска Плиусинфо добил потврда, беше одговорено дека е негативен брисот земен од децата за кои имало сомневање дека се заразени со опасниот вирус