![трактор](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/traktor.jpg?resize=520%2C346&ssl=1)
Две деца на возраст од 12 и 15 години се здобиле со тешки телесни повреди откако синоќа во 20 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хјундаи“ со струшки регистарски ознаки управувано од Д.Д.(61) од Струга и трактор „ИМТ“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Р.Р.(36) од Росоман.
Повредените деца биле сопатници на тракторот се пренесени во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.