Три лица од кои две малолетни загинаа во страшната сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Кичево-Охрид, објави Курир.
Според првичните информации меѓу загинатите е едно бебе.
Три лица се тешко повредени во страшната несреќа. Едното е задржано во охридската болница „Св.Еразмо“, а две се итно испратени во Ургентниот центар во Скопје.
Во несреќата учествуваа автомобил „Волво“ со кичевски регистерски таблички и пик-ап со струшки таблички. Полицискиот увид во присуство на јавен обвинител е завршен, а сообраќајот нормализиран.