Денеска се навршуваат две години од смртта на поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам. Тој беше долги години претседател на партијата Сојуз на Ромите.
Бајрам почина на 64 годишна возраст по компликации со срцето. За себе велеше дека е „познат како кока-кола, сите ја пијат“.
Од 1994 беше пратеник во Собранието, прво како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), за до крајот на мандатот да остане независен пратеник. Од 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а остана запаметен по изјавата кога на парламентарните избори во 1998 рече дека ќе победи премиерот Бранко Црвенковски со „102,3 %“.
Во периодот 1998–2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстои поради гласот на Бајрам, по што тој изјави дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.
Потоа влзе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Притоа вербално се конфронтира со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како кока-кола“ во споредба со нив.
Бајрам ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција по парламентарните избори во 2016 и премина во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Заев.
Тој е татко на политичарот Елвис Бајрам, кој беше градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.